Владата предводена од СДСМ како никоја досега претходно покажа вистинска грижа за образованието како клучен сектор во нашето општество, информираа од владејачката СДСМ.
-Во разговорите со СОНК, Владата понуди зголемување на платите на наставниците од 10 отсто, односно раст за 2.500 денари во просек, како и методологија со која се обезбедува континуиран раст на платите и трајно решавање на социјалниот статус на наставниот кадар.Уценувачки е одбивањето на понуденото зголемување на платите во време кога целиот свет се соочува со економска и енергетска криза, посочуваат од владејачката партија.
Оттаму велат дека нанесувањето на штета на учениците кои треба да продолжат да ја следат наставата е крајно неодговорно.
-СОНК со одбивањето на понудата личните интереси ги стави пред интересите на децата.Согласно Законот за работни односи и Колективниот договор за основно и средно образование, и за вработените во јавните установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, на вработените кои штрајкуваат ќе им се исплатат само придонесите на платите.Солидарно и праведно е сега кога штрајкуват, платата да им ја надомести организаторот на штрајкот, а тоа е СОНК, велат од СДСМ.