Уценувачи и трговци

by Фокус

Толку од оптимизмот на Османи и Бучковски за очекуваното кревање на бугарското вето…

Ѓорѓи СПАСОВ

Слави Трифонов, кој некогаш од еден графит на ѕидот спроти бугарската амбасада во Скопје се убедил дека Македонците ги мразат Бугарите, и кој има партија без чија подршка нема влада во Бугарија, открива денес дека Бугарија ја уценува Македонија со цел да изнуди од САД укинување на визите за Бугарите, а од ЕУ да ја прими Бугарија во Шенген зоната.

Тој како „голем“ политичар денес објавува дека Бугарија би требала да биде спремна за таква трговија со САД и со ЕУ кои бараат од неа да го крене ветото за започнување на разговори на Македонија со ЕУ, но и додава дека Македонија може да стане членка само откако, покрај ова, ќе прифати да испочитува се што се бара од неа при спроведување на Договорот.

И толку од оптимизмот на Османи и Бучковски за очекуваното кревање на бугарското вето. А кревањето на оптимизмот и кревањето на ветото се две различни работи. Време е да почнат да го ветуваат само она што зависи од нас, а не и од други врз кои не можат да влијаат со било какви дипломатски средства.

Поврзани новости