82
МВР информира дека поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уцена“ и „тешка кражба“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против К.Т.(31) од Дебар, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Според информациите, на 3-ти овој месец по упатени закани и уцени кон 33-годишна жена од Дебар, пријавениот го добил безбедносниот код од нејзиниот дом и откако влегол, одзел повеќе златни и други вредни предмети и пари во различни валути и апоени со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 40.000 евра.