5
Претежно сончево време со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура се прогнозира во интервал од -1 до 7, а максималната од 21 до 27 степени.
Во Скопје претпладне ќе има услови за слаба магла, а во текот на денот се очекува времето да биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната до 26 степени.
Во одделни сливови ќе продолжи периодот на магла и ниска облачност. До средината на неделата времето ќе биде сончево во текот на ноќта и релативно топло за овој период од годината.
За среда најавено е преодно зголемена облачност проследена со повремен дожд, а дневната температура во благ пад.