551
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска во 08.30 часот на улица „Дижонска” во Скопје, го привеле скопјанецот Р.Ј.(25), информираат од МВР.
За него била распишана централна потерница за издржување казна затвор од пет години и шест месеци. Лицето ќе биде пренесено во казнено-поправна установа за издржување на казната, велат од МВР.