Утрово отворен за сообраќај преминот Брњак

by Fokus

Отворен е преминот Брњак, на Косово.

Информацијата ја потврди заменик командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани.

„Од 8 часот утрово Брњак е целосно отворен, Јариње се уште не, бидејќи теренот се уште се контролира“, рече тој.

На 24 септември овие премини беа целосно затворени за сообраќај откако во селото Бањска беше убиен наредникот на косовската полиција Африм Буњаку, а потоа избувнаа судири меѓу вооружена и униформирана група Срби и косовската полиција, кога беа убиени уште најмалку тројца потврдени наводни напаѓачи.

Поврзани новости