4
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -7 до 1 Целзиусов степен, а максималната од 7 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер.
Температурата во утринските часови ќе изнесува -4 Целзиусови степени, а во попладневните 12 степени.
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во текот на ноќта наместа во западните делови врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен до силен јужен ветер (наместа над 70 км/ч).
Минималните температури ќе се движат од 2 до 8, а максималните ќе достигнат од 10 до 18 Целзиусови степени.