Утрото студено, потоа сончево и топло до 21 степен

by fokus

Времето денеска ќе биде претежно сончево, утрото студено со слаба магла или ниска облачност по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 18 степени.

Во наредните денови ќе се задржи претежно сончево време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Во сабота претпладне магла и ниска облачност се очекува на повеќе места. Од недела ќе биде значително потопло.

Поврзани новости