30-годишник убедил друго лице да полага возачки испит во негово име, ги фатиле поради лажната лична карта

by fokus

Против две лица од Скопје е поднесена кривична пријава за „фалсификување исправа“ откако биле фатени со фалсификат лична карта, која била користена во процедурата при полагање на возачки испит. Еден од пријавените е 26-годишниот Б.Р. од село Глумово, а вториот е 30-годишниот М.С. од село Долно Свиларе.

М.С. е осомничен за поттикнување.

„Б.Р. со фалсификувана лична карта на која биле впишани личните податоци од М.С. на 06.02.2019 година се пријавил како кандидат за полагање на возачки испит, во име на второпријавениот, кој претходно му ветил парична награда“, соопштија од МВР.

Поврзани новости