949
Уште два нови земјотреса беа почуствувани утринава во Битола, по серијата земјотреси со епицентар кај Лерин, во соседна Грција.
Во текот на ноќта, во 2:32 часот, потресот беше со јачина од 3,2 степени.
Вториот се случи во 7:28 часот, од истото епицентрално подрачје кај Лерин и со јачина од 3,6 степени според Рихтер.
Инаку по силниот земјотрес од синоќа, кој беше регистриран во 22:44 часот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, голем дел од граѓаните на Битола ги напуштија своите домови.