805
Километарски колони од возила утринава се пред граничниот премин Богородица, за влез во Грција.
Граѓаните кој тргнале на одмор во соседната држава велат дека колоните се толку долги поради што воопшто не ја гледаат ниту границата.
-Со години патувам, но ваква гужва досега немам видено. Чекавме еден час и се поместивме само 5 метри. Многу сме далеку од граничниот премин, воопшто не ни е во видик, велат револтирани граѓани за ,,Фокус”, кои инсистираат надлежните да превземат мерки.
И изминатите денови граѓаните беа револтирани поради долгите чекања на границите, иако надлежните тврдеа дека не се чека повеќе од еден час. Најголемите гужви се на Табановце и Богородица.