Утрешниот меч е последен и за селекторот Ангеловски?

by fokus

Со крајот на настапот на Македонија на Европското првенство завршува и договорот на селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски, но откако капитенот на репрезентацијата, Горан Пандев објави дека утрешниот натпревар со Холандија е крај на неговата репрезентативна кариера, Ангеловски ниту потврдува, ниту демантира дали и за него ќе биде утре последниот меч како селектор на репрезентацијата.

-Договорот ми завршува, јас можам само да кажам благодарам на човекот што седи до мене (Горан Пандев), најдобриот фудбалер во историјата на македонскиот фудбал. Среќен сум што работев со таков човек и капитен. Знаеме каде бевме пред пет и пол години, на 162 место на ФИФА, а каде ја донесовме Македонија – на Европско, второ место во квалификациите за Светско. Тоа доволно говори за се што направивме. Максимално посветно до последен ден ќе го одработам договорот, а не сакам ништо да зборувам за иднината, рече Ангеловски.

Поврзани новости