52
Државната изборна комисија (ДИК), утре ќе спроведе ждрепка за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати за претседател на Северна Македонија. Ждрепката ќе се одржи во 12 часот во големата сала на 4 кат во ДИК.
„Утре ќе се одржи и ждрепката за распределба на рекламни паноа и билборди за изборите за претседател, со почеток во 13.30 часот во големата сала на Државната изборна комисија, на 4 кат“, наведено е во соопштението.