Утре завршува аплицирањето на bootcamp за жени претприемачи

by Fokus

Со поддршка на Асоцијацијата Стартап Македонија утре завршува аплицирањето за жени претприемачи кои се во почетна фаза на развој на нивниот стартап. За да се аплицира потребно е нивната компанија да е регистрирана пред најмногу 6 месеци или да се во процес на регистрација во наредните 3-6 месеци. Пополнувањето на апликацијата е онлајн преку оваа форма и во просек одзема помалку од 10 минути да се пополни. Bootcamp-от започнува на 11.11 во MKstartups Space, со поддршка на Асоцијацијата Стартап Македонија. Сите заинтересирани компании, индивидуалци, организации можата да ја поддржат оваа иницијатива и првата генерација на учеснички, на mkstartupsspace@gmail.com, вели Нина Николиќ, Координатор на Швајцарската програма за претприемништво, (SwissEP).

Селектирани ќе бидат максимум 10 учеснички бидејќи сакаме оваа програма да биде што е можно по персонализирана. Ќе има 5 модули каде домашни и странски експерти (со поддршка на SwissEP) ќе работат со нив за вовед во стартап и иновативниот екосистем, правни аспекти, дигитален макретинг, бизнис модел канвас, формирање и водење на тим, презентација, инвестицкиски можности… Исто така оваа група ќе има уникатна можност за поврзување, меѓусебно учење, можност да присуствуваат на активности во склоп на глобалната недела на претприемништво 18-24 Ноември, како и да ги претстават своите бизниси пред инвеститорка од Швајцарија и дел од нив ќе имаат можност да учествуваат на 8мото издание на Стартап Викенд Скопје благодарение на тимот од Солвео, кои се организатори на тој настан, вели таа.

Според неа  две години откако започна Womenpreneurs Stories иницијативата која споделува инспиративни приказни, голем дел од присутните бараа поддршка во почетоците при започнување свој бизнис.

-Ние го слушнавме нивното барање и излегуваме во пресрет. Да им помогнеме да стекнат вештини, да се поврзат и да можат да градат успешна стартап приказна со поддршка од стартап заедницата. Дел од нив се надеваме понатака да влезат во некој од трите акселератори, да растат на нашиот пазар и да се конкурентни и освојуваат регионални и интернационални пазари, да креираат компетитивни работни места и секако тие да бидат оние кои ќе ја инспирираат и менторираат следната генерација на претприемачи, вели Николиќ.

Поврзани новости