2
Првиот вицепремиер на Владата, Изет Меџити, вели дека нема разлики меѓу коалициските партнери во Владата за Коридорот 8, пишува весникот ЛАЈМ.
Меџити истакна дека утре ќе започнат интензивните градежни работи за изградба на Коридорот 8.
„Коридорот 8 е исклучително важен коридор за Република Северна Македонија. Ве известувам дека утре, заедно со премиерот и министерот за транспорт, со претставниците на компаниите Bechtel & Enka, ќе бидеме на терен на почетокот на интензивните градежни работи на Коридорот 8. Значи, додека другите зборуваат, ние работиме. Утре ќе бидеме во населбите Гостивар-Букојчан, на тој сегмент каде што ќе започнат интензивните градежни работи на Коридорот 8,“ изјави Меџити.