210
Утре во седум часот по локално време започнува прекинот на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.
Ова го соопшти денеска катарското Министерство за надворешни работи.
Според извештаите, 13 израелски затвореници ќе бидат ослободени од Појасот Газа во 16 часот, пренесува Ројтерс.
Се додава дека веднаш штом стапи на сила прекинот на огнот, хуманитарната помош ќе почне да пристигнува во Газа.