Утре во Тетово протест – се бара одговорност за пожарот во модуларната болница

by Fokus

Утре во Тетово, според информациите, ќе се одржи протест за правда и лоцирање на одговорноста за пожарот во модуларната болница во Тетово која изгоре до темел и одзеде 14 животи. Најавите е дека протестот ќе се одржи во 12 часот, пред Основниот суд во Тетово.

Сето ова доаѓа по документарецот објавен од Истражувачката репортерска лабораторија насловен како „Убиство во Тетово“. Од ИРЛ споделија откритија, документи и направија реконструкција според искази од сведоци. Посочија дека објектите не се граделе според Законот за градење и немало соодветни материјали за заштита од пожари.

Има направен и осврт на германското вештачење кое беше изведено и во судница, каде токму несоодветната градба и лошата електрична инсталација се лоцирани како причина за пожарот.

За овој случај имаше и обвинение, како и пресуда.

Обвинител ги гонеше двајцата екс директори на тетовската болница и докторот задолжен за модуларниот објект.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција води уште една истрага, а која се однесува за тоа како е спроведен тендерот за изградба на сите модуларни објекти, дали се вградени сите материјали пропишани во техничката спецификација и каква била изведбата. Предметот е во фаза на истрага.

Поврзани новости