845
Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека Комисијата за заразни болести утре ќе одржи состанок.
– Состанокот на Комисијата за заразни болести е закажан за утре, заради тоа што обично бројот на случаи од резултатите од изминатиот викенд не е реален, бидејќи дел од лабараториите не работат. Во текот на утрешниот ден ќе ги разгледуваме новите податоци, рече Филипче.
Засега нема најава за можно заострување на мерките.