342
Подрачјето на нашата земја за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија влажни бранови. Времето ќе биде променливо облачно, наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет, најавуваат од УХМР.
Утре ќе биде релативно топло со сончеви периоди, а в недела и понеделник врнежи ќе има на повеќе места. Локално ќе биде нестабилно со пообилен дожд од над 40 литри на квадратен метар и појава на грмежи.
Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец, со над 60 километри на час. Од понеделник температурите ќе бидат пониски и на повисоките планини ќе има повремени врнежи од снег.