Советот за безбедност утре со почеток во 13 часот ќе ја одржи единаесеттата редовна седница, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.
Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски.
Седницата ќе се одржи со единствена точка на дневен ред: Информација за стратешките набавки во Армијата во наредниот период.
По завршувањето на седницата на Советот за безбедност, од страна на прес службата на Кабинетот на Претседателот ќе бидат дистрибуирани соопштение, инсерти и фотографии од седницата.