616
Во Хрватска денеска започна изборниот молк во пресрет на претседателските избори, на кои 3,85 милиони избирачи ќе одлучат кој од 11-те кандидати ќе ја предводи државата наредните пет години.
Речиси сите анкети како водечки тројца кандидати ги издвојуваат актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, поддржана од владејачката ХДЗ, Зоран Милановиќ, кандидат на СДП, и независниот кандидат Мирослав Шкоро.
Хрватската радиотелевизија (ХРТ), според најновата анкета, објави дека во вториот круг ќе се натпреваруваат сегашната претседателка Китаровиќ со освоени 28,3 отсто од гласовите и поранешниот хрватски премиер, социјалдемократот Милановиќ со поддршка од 26,6 проценти.