Првата средба на работните групи со посредништво на белгискиот експерт Питер Ван Ховит се очекува да биде одржана во понеделник. На преговарачката маса претставниците на четирите политички партии ќе го постават прашањето за Изборниот законик, односно измена на законите поврзани со изборите и создавањето на нов избирачки список, како и гласање на дијаспората.
Тема на дискусија ќе биде и измената на составот на Државната изборна комисија (ДИК).
СДСМ има доставено барање пратеник од дијаспората да добие мандат само доколку соберат 80 отсто од потребните гласови за избор на пратеник во Македонија, со што би се балансирала вредноста на гласот во и надвор од земјата. Од ДУИ истакна дека во понеделник ќе бараат поништување на гласањето од дијаспората.
Според задачите преземени од договорот од 2 јуни и 15 јули и според извештајот на Прибе, летово четиритте партии потписнички на договорите треба да формираат 9-10 работни групи кои ќе работат на спроведување на сите забелешки од извештајот.