562
По повод 11 октомври, Денот на почетокот на антифашистичката борба, утре во Скопје ќе се одржи протестен марш под мотото „Борбата продолжува, гласот победува”.
Граѓанскиот марш е организиран од опозицијата и од неколку познати граѓански активисти , а ќе започне од пред просториите на Специјалното јавно обвинителство на крстосницата на улиците „Рузвелтова“ и „Партизанска“ во 14 часот.
-Ќе маршираме за борба против сиромаштијата, за повисоки плати, за работни места, за млади кои сакаат да останат да живеат во родната земја. Да застанеме рамо до рамо сите заедно, еднакво важни, независно од каква било различност- велат организаторите.