Социјалниот центар „Дуња“ утре ќе одржи солидарен протест во 11:55 часот пред Владата, заради актуелните случувања во појасот Газа и Западниот брег.
„Како резултат на бомбардирањата и нападите на Израел врз појасот Газа, до сега загинаа над 11.000 Палестинци меѓу кои и илјадници деца. Над 2 милиони луѓе во Газа се оставени без вода, храна и струја, а ситуацијата се влошува секој ден.
Затоа, ги поддржуваме барањата за итен прекин на нападот над Газа и операциите во Западниот Брег. Протестираме против угнетувањето и уништувањето на палестинскиот народот.
Протестираме и го изразуваме нашиот револт против срамната и нечовечна одлука на Македонија со која не ја поддржа Резолуцијата на Обединетите Нации за хуманитарно примирје.
Протестираме и бараме крај на окупацијата, ослободување на сите политички затвореници, враќање на бегалците во нивните домови, и постигнување на долготрајно решение за траен мир врз принципите на еднаквост, правичност и взаемно почитување“ порачаа од „Дуња“.