422
Како и во саботата, граѓанската иницијатива за здраво, достоинствено и возвишено живеење „Преродба“ и за утре најавува протест пред Собранието со почеток во 10 часот. Според најавата, протестот е против антиуставниот, дискриминаторски, сепаратистички Закон за двојазичност, промена на името и нелегитимните капитулантски договори и преговори.
„Ќе упатиме ултимативно барање до претседателот да донесе конечна одлука со која ќе ги одбие сите предлози и процеси за промена на името на државата и ќе иницира постапка за признавање на Република Македонија воООН под уставното името“, се вели во најавата за протестот.