Утре во 10 часот, под слоганот „Стоп на лошите пресуди и стоп на сообраќајното насилство“ ќе се одржи едночасовен протест пред Кривичниот суд.
Како што се наведува во повикот за протест, објавен на социјалната мрежа фејсбук, протестот се организира поради незадоволството од пресудата за тригодишна казна затвор што ја доби возачот Јордан Ѓорѓиев, кој ја прегази 24-годишната Викторија Николова.
-После пресудата од 11.04.2022 на Основниот Кривичен Суд Скопје, Викторија и Леонид не ја добија пресудата која е правична и праведна! Немаме владение на правото, немаме спокој на душите! Имаме граѓанско право да го кренеме својот глас и за Викторија, но и за сите жртви на сообраќајно насилство и неправедно пресуди! Да ја разбудиме свеста, да бидеме гласот на покојните и гласот на жртвите! Да кажеме стоп на лошите пресуди и на сообраќајното насилство!“
пишува во Леонид Даов, момчето на починатата Викторија, во објавата на Фејсбук.