80
Утре ќе продолжи гаснењето на пожарот на планината Серта, било констатирано вечерва на состанокот на Штабот за заштита и спасување во Неготино.
Гаснењето ќе продолжи од копно и со сите воздухопловни сили.
„Предвидено е утре вклучување на сите воздухоплови- хеликоптери и „ер трактори“ кои се на располагање за гаснење на пожарот од воздух, а паралелно од копно во активностите ќе бидат вклучени припадници на АРМ, 30 припадници на ЕБР, полицајци од СВР Неготино, пожарникари, од Национални шуми, ловџии и волонтери кои со денови даваат несебичен придонес во гаснењето на пожарот, рече градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов.