694
Утре во центарот на Скопје ќе има посебен сообраќаен режим поради одржувањето на „Парадата на гордоста“, соопштува Министерството за внатрешни работи.
За време на движењето (по потреба) за сообраќај ќе бидат затворени ул.„11-ти Октомври“, ул.„Димитрие Чуповски“,, ул.„Васил Главинов“, бул.„ВМРО“, бул.„Илинден“, ул.„Аминта Трети“ и ул.„1732“.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.