121
Од МВР информираат дека утре ќе има посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје.
На 22.06.2024(сабота) во 17.00 часот ќе се одржи настанот „Парада на гордоста“ во централно-градско подрачје во Скопје. Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, почнувајќи од 15.00 часот, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, велат од МВР.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.