Утре почнува скринингот во основните училишта

by Fokus

Тимови и здравствени работници се обезбедени, да почнат со скрининг за Ковид-19, во основните училишта од утре, соопшти портпаролот на Комисијата за заштита од заразни болести, Злате Mехмедовиќ.

Според него, во моментот, во основните училишта има повеќе деца со Ковид-19, за разлика од средните училишта, каде ситуацијата е помирна. Затоа утре ќе се почне со скринингот, а за таа цел, денеска родителите ќе добијат изјава за согласност, нивното дете да биде тестирано на Ковид-19.

Скринигот ќе се врши во училиштата, односно таму ќе се зема брис.

Според претседателот на Комисијата, Александар Петличковски, првично мислеле децата да се носат во здравствените домови, но решиле дека полесно е тимови од лекари да појдат во училиштата и да земат брис од одредени ученици.

Поврзани новости