89
Собраниската седница за избор на новата Влада почнува утре, а треба да заврши најдоцна до недела на полноќ.
Мандатарот Христијан Мицкоски најави дека при заклетвата ќе го употреби уставното име на државата.
Владата е избрана ако за неа гласало мнозинството од вкупниот број пратеници. Претседателот на Собранието го известува претседателот на државата за изборот на Владата.
Новата Влада што ја предложи Мицкоски ќе брои 24 члена, сметајќи го и премиерот.