Утре, по втор пат, стартува случајот „Шпион“, но само за еден од обвинетите

by fokus

Утре во Кривичниот суд ќе стартува судењето за случајот „Шпион“, но само за еден од обвинетите, за кого Апелација ја уважи жалбата и судењето го врати од почеток.

Поточно, Апелациониот суд пред неколку месеци им ги намали казните на обвинетите во овој случај, а само за Ѓoрги Хaџи Мицев случајот го врати од почеток, уважувајќи ја неговата жалба.

Застапник на обвинението е СЈО, бидејќи тие, додека случајот беше пред Апелација, ја добија надлежноста врз овој предмет. Но наместо повторување на случајот, или укинување на казните, како што очекуваа обвинетите, од СЈО побараа само нивно намалување.

Со второстепената пресуда казните за обвинетите беа намалени и тоа на обвинетиот Маријан Ефремов казната му е намалена за 4,6 години, односно беше осуден на 15 години, а сега според одлуката на Апелација доби казна од 10,6 години.

Обвинетиот Иџет Абди, пак, беше осуден на 4 години, а сега доби намалување на казната за шест месеци. Исто намалување од 6 месеци доби и обвинетиот Алексо Ангеловски.

И обвинетите Мирослав Зафировски и Благоја Цветановски добија намалување на казната за три месеци. Намалување на казната за 13 месеци доби Миќо Насковски.

Најголемо намалување има кај обвинетиот Горан Стојков, бидејќи тој беше осуден на девет години, а сега со одлуката на Апелација доби 3 години и три месеци.

Условна казна доби Марија Маџовски, кој претходно беше осдуден на затворска казна од 1,6 година, и Ване Цветанов, кој беше осуден на тригодишна затворска казна.

За шест месеци му е намалена казната на Влатко Стаматовски, кој според првостепената пресуда беше осуден на три години. Една година намалување на казната доби обвинетиот Александар Диневски, кој беше осуден на 3,6 години.

Условна казна добија и обвинетите Ацо Вучиниќ, Живко Петровски и Кирил Соколов. Обвинетиот Цветан Дамјановски, беше осуден на 6,6 години, а според одлуката на Апелација доби 2,4 години. Обвинетиот Тоше Кошиновски доби намалување на казната за една година, со што му остана уште една година за доиздржување.

В.В.

 

 

Поврзани новости