Утре парламентарни и локални избори во Црна Гора

by fokus

В недела на 30 август 2020 година ќе се одржат парламентарни и локални избори во пет општини во Црна Гора.

Последните неколку дена пред настапувањето на изборниот молк беше засилена изборната реторика, а во прв план, како што се очекуваше, беше ставено црковното прашање околу кое претставниците на главните политички субјекти разменуваа остри пораки и ставови.

Црковното прашање во Црна Гора стана актуелно со донесувањето на Законот за слобода на вероисповест, кој владеачкото мнозинство го усвои на 27 декември 2019 година, на што остро се противи Српската православна црква (СПЦ).

Изгласувањето на Законот предизвика повеќемесечни протести во Црна Гора, а во пресрет на изборите митрополитот на СПЦ Амфилохие ги повика граѓаните да излезат на изборите и да гласаат против актуелната власт.

На црногорските избори кои ќе се одржат утре, ќе учествуваат шест коалиции и шест политички партии.

Владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) се во коалиција со Либералната партија, а листата „Одлучно за Црна Гора! ДПС – Мило Ѓукановиќ“ ја предводи заменик претседателот на партијата Душко Марковиќ.

Од друга страна опозициските партии, во коалицијата „За иднината на Црна Гора“ се Демократскиот фронт, Социјалистичката народна партија, Работничката партија, Вистинска Црна Гора, Обединета Црна Гора и непартиски личности. Носител на листата е Здравко Кривокапиќ.

Под слоганот „Мирот е нашата нација“ колицијата на Демократите е составенао од партиите Демос, Партијата на пензионери и инвалиди, Граѓанско движење Нова левица и Здружението за истражување на политика и политичка теорија. Прв на листата е претседателот на демократите Алекса Бечиќ.

Право на глас имаат 540.026 граѓани кои треба да изберат 81 член на црногорскиот Парламент, според избирачкиот список што го објави Државната изборна комисија на Црна Гора.

Поврзани новости