Утре нова средба за СЈО, Заев порача дека деновите се избројани

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, најави дека утре ќе има нова средба меѓу преговарачките групи на власта и на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавно обвинителство, со кој ќе се дефинира иднината на Специјалното јавно обвинителство.

При тоа премиерот порача дека се надева на решение и дека се избројани деновите до затворање на извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија.

-Верувам дека ќе се потврди тоа што го испративме како пораки јас и Мицкоски, што верувам дека е исчекор кон решение. За мене претставува надеж дека можеме да се потрудиме и двете страни и да дојдеме до договор. Избројани се деновите до затворање на извештајот на Европската комисија – изјави Заев.

Поврзани новости