Утре ќе заседава ЦО на СДСМ, ќе дојде ли оставката на Заев на дневен ред?

by fokus

Утре ќе заседава највисокиот партиски орган на СДСМ меѓу два Конгреса, односно Централниот одбор, потврдуваат од СДСМ за „Фокус“.

Во 18 часот е закажана седница на Извршниот одбор, а во 20 часот ќе се одржи Централниот одбор.

Од партијата не откриваат дали ќе се разгледува оставката на лидерот Зоран Заев. На прашањето кој ќе биде дневниот ред на Централиот одбор, кусо одговорија дека тоа ќе биде актуелната политичка ситуација.

Инаку, според Статутот на СДСМ, Централниот одбор е тој што распишува вонредни избори за претседател, во случај актуелниот претседател да си поднесе оставка.

К.С.Б.

 

 

 

Поврзани новости