Утре ќе се вади бродот „Мис Стоун“ од кој се излеа нафта во Охридското Езеро

by fokus

Надлежните институции од општина Охрид утрово извршија вонреден инспекциски надзор по алармантната објава утринава дека нафта се излеала во каналот Студенчишта, соопштија општината.

Покрај претставниците на локалната самоуправа, на терен излезе и надлежниот државен инспектор за животна средина од Охрид и капетанот на Капетанијата.

На лице место беше утврдено дека се работи за инцидент со бродот „Мис Стоун“ кој е полупотонат при што е излеано одредено количество нафта во водата на каналот. Согласно законската регулатива инспекторот за животна средина презеде законски мерки и веќе е отворен предмет во инспекциска постапка.

Утре ќе се вади бродот од каналот за да се спречи натамошно излевање на нафта во езерото.

Поврзани новости