Во недела, 28-ми јануари во 19 часот, во локалот Интермецо во Скопје ќе се одржи промоција на обработка на старата македонска песна „Ој девојче“, со вокалот на легендарниот Тоше Проески.
Зад проектот стои музичкиот продуцент и диџеј Деловски, како и целата група Синтезис.
-Голема чест и задоволство ни е да Ви го претставиме нашиот нов проект – колаборација и преработка на една од најпознатите Македонски етно музички изданија ,,Ој Девојче”, на кој што решивме да ги оставиме оригиналните вокали од нашиот најголем непробол – Тоше Проески.
Наша цел со ова музичко издание е да се вратат националните и етничките вредности, како и да ја негуваме етно музиката на начин на кој што и доликува. Деловски успеа да го преработи ова издание, да му даде еден нов, модерен сјај и шмек, кој со сигурност ќе стане хит.
Како музичко издание ќе го издадеме на 25-ти Јануари (роденденот на Тоше Проески) на Avalon, а промоцијата ќе биде во Intermezzo, на 28. јануари (Недела) во 19:00 часот, информираат од тимот.
Вики Клинчарова