432
Речиси осум часа Народното собрание на Бугарија расправаше за предлогот за гласање недоверба на Владата, поднесен од ГЕРБ откако партијата „Има таков народ“ ги повлече четворицата министри од Владата на Кирил Петков.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, пратениците од владејачките партии и опозицијата со часови дебатираа дали финансиската и економската политика на Владата е успешна или не.
Гласањето за предлогот за смена на Владата на Петков ќе биде утре во 19 часот и 10 минути.