Утре ќе „падне“ одлука за намалување на ДДВ кај струјата и еколошката такса на горивата

by Fokus

Владата утре на седница ќе ги разгледува двете законски решенија кои се однесуваат на најавеното намалување на ДДВ на електричната енергија и воведувањето еколошка такса на горивата и ќе донесе одлука. Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека Владата ќе оди со предлогот да важат од 1 јули и со намера дека во Собранието ќе успее да се изгласаат во тој период.

-Владата утре треба да ги разгледа и да одлучи во однос на двете мерки. Имаме предлог за законот за ДДВ за намалување во транзиторен период, односно да се помогне на домаќинствата кога се прави либерализација на пазарот на електрична енергија. Домаќинствата ќе добијат олеснување во однос на цената на електричаната енергија преку намалување на делот на ДДВ, која е конректна мерка која директно влијае врз буџетот на домаќинствата, рече министерот Бесими одговорајќи на новинарско прашање по потпишување на договорот со ЕИБ за креидтна линија од 100 милиони евра.

Прецизирајќи дека Владата не размислува да се повлече и дека Владата утре носи одлука, но посочувајќи дека не може да зборува во име на цела Влада, во смисла кога се носат одлуките на седница на влада, оти надлежноста на Министерството за финансии е само за Данокот на ДДВ, додека еколошката такса е во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Според предлогот ДДВ кај електирчната енергија за домаќинствата треба од 1 јули 2021 година да се намали од 18 на пет отсто, потоа наредната година да биде на ниво од 10 отсто и третата година да се врати на 18 отсто. Целта е да се помогне на домаќинствата во транзитниот период на либерализација на пазарот на електрична енергија.

Додека кај еколошката такса, посочи на тоа дека се однесува на друг закон што е во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање и дека тоа е за дополнителен износ на она што веќе постои во законското решение со цел да се поддржат зелени проекти, а не како претходно делот на акцизата на горивата.

– Сега не се интервенира кај акцизата, каде со последната измена има варијабилен дел кој зависи од цената на горивата на светските берзи. Сега зборуваме за еколошка такса која се регулира со закон од Министерството за животна средина и просторно планирање и тие средства ќе се користат за проекти за обновливи извори на енергија, енегетска ефикасност, како и за зелената агенда. Има разни програми кои се дефинирани во овој дел, има посебен фонд и посебна потпрограми отворена со ребалансот, но и други проекти и програми во рамки на буџетот што се за оваа намена во однос на проекти за подобра животна средина, рече министерот.

 

Поврзани новости