Утре и задутре јавно ќе бидат објавени 138 лица кои не примиле решенија за самоизолација

by Fokus

Досега 138 лица јавно ќе бидат објавени во дневен печат бидејќи не ги примиле решенијата по било кој основ, потврди за „Фокус“ директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, доктор Ирина Бухова.

„Соогласно Законот за општа управна постапка, член 84, ДСЗИ отпочна со јавна објава на лицата за кои не е извршена уредна достава на решенија. Ќе бидат објавени 138 – истакна Бухова.

Здравствените власти се одлучија на ваков чекор откако многу од граѓаните ги кријат личните податоци и не сакаат да ги примат решенијата за самоизолација.

Министерот за здравство Венко Филипче пред десетина дена најави дека со оглед на тоа што не успеваат да ги најдат пациентите кои се кријат и даваат лажни податоци, тие се приморани јавно да ги објават нивните имиња.

-Една од опциите е јавно да се објави, според законот за управна постапка, и  список на лица коишто треба да бидат во самоизолација, заради тоа што навистина многу време се губи и се загрозува јавното здравје посебно од страна на лицата коишто не сакаат да излезат во пресрет и да соработуваат со епидемиолозите и со ДСЗИ, нагласи тогаш Филипче.

И.М.

Поврзани новости