Утре дожд и силен ветер до 80 километри на час

by fokus

Од Управата за хидрометеоролошки работи предупредуваат дека утре во западните делови од земјата ќе дува силен ветер, кој наместа ќе достигне брзина и над 80 километри на час.

„Дождот, кој најпрво ќе врне во западните делови од државата, кон крајот на денот ќе се прошири во поголем дел од земјата, а врнежите ќе бидат пообилни во западните и северозападните делови (над 20л/м2), особено во текот на ноќта. На планините во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува засилен до силен јужен ветер, особено во западните планински подрачја (над 80 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени“, велат од УХМР.

Поврзани новости