Утре доаѓа пролетта, кога треба да ги смените стрелките на часовникот?

by Fokus

Пролетта почнува утре во 16 часот и 33 минути. Во истовреме на јужната земјина полутопка почнува есента.

Пролетта ќе трае 92 дена, 17 часа и 54 минути, односно до 21 јуни 2022 година во 11 часот и 13 минути кога почнува летото.

Следниот викенд, ноќта во 2 часот меѓу 26-ти и 27-ми март почнува летното сметање на времето.

Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот. До крајот на март денот ќе се зголеми и ќе се стемнува околу 18 часот, а со поместувањето на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

Поврзани новости