Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре (3 април) без електрична енергија ќе останат повеќе населени места и делови од неколку градови низ државата.
Во Скопје, без струја од 08:00 до 10:00 часот ќе бидат дел од корисниците на ул. „Борис Трајковски“ бр.1 (Пегла). Од 08:30 до 16:00 часот без струја ќе бидат корисниците во село Долно Соње (улици 1, 10, 11 и 12), додека од 09:00 до 13:00 часот прекин ќе има на дел од улиците „Рилски Конгрес“ и „Партение Зографски“ во Центар.
Во Куманово, од 08:00 до 14:30 часот без струја ќе останат делови од улиците „АВНОЈ“, „Лесковачка“, „Иван Г. Ковачиќ“, „Мирче Ацев“ и „Нада Михајлова“, како и улиците „Страшо Пинџур“, „В.С. Бато“, „АСНОМ“ и „Никола М.“. Исто така, прекини ќе има и во селата Проевце и Доброшане.
Во Тетово и околината, од 09:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат делови од Мала Речица, а од 09:00 до 14:00 часот дел од Боговиње. Во село Пирок прекин ќе има од 09:30 до 11:00 часот. Во градот Тетово, од 10:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат објекти на ул.121, дел од ул. „Благоја Тоска“, како и објекти во близина на Биро за труд и на ул. „Борис Кидрич“.
Во Кратово, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисници околу филтер станицата, како и на ул. „Планинска“ (Табачка маала) и населбата Бојаџиско. Прекини ќе има и во селата Кркља, Варовиште и Луково (од 08:00 или 09:00 до 14:00/14:30 часот).
Во Прилеп, од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат повеќе улици, меѓу кои „Борка Талески“, „Битолска“, „Лазо Филиповски“, „Благоја Николоски“, „Вера Циривири“, „Гице Гаврилоски“, „Ладо Стојаноски“, „Енгелсова“ и други, како и дел од булеварот „Александар Македонски“. Од 09:30 до 14:30 часот прекин ќе има и кај комплексот фотонапонски централи во Кронејца.
Прекини се најавени и во повеќе населени места низ државата, меѓу кои селата Сливица, Брод, Скачивир и Добровени (од 08:30 до 16:00 часот), како и Шупли Камен и Орашац (од 08:30 до 14:00 часот).
Во Кочани, без струја од 07:30 до 13:00 часот ќе биде викенд населбата Бовчалук и ресторанот „Тополник“.
Надлежните информираат дека станува збор за планирани прекини поради технички зафати во мрежата.