Стружанецот Борче Костески сопственик на поткастот Б2 канал- Почетна прсеметка вечерва се огласи на социјалните мрежи за да демантира
дека бил уапсен како учесник од група која се занимавала со порнографија.
„Се е хајка“ вели Костески во видео обрачањето на фејсбук.
„Тоа што се случи денеска во мојот дом во Струга е хајка за да згасне Б2 Каналот кој не е точно дека е Бугарски туку е тука и е Македонски. Поткастот „Конечна пресмека“ е за Европска Македонија. ке одам во секој медиум кој ќе ме покани да демантирам дека лично јас немам ништо со детска порнографија. Во полициска станица во Охрид ми рекоа тоа било пред две години па пред три а јас прашувам зошто сега, зошто не реагирале тогаш ако имало нешто. Се што кажаа не е точно и тврдам се од моја страна е чисто“
Според извештаите од денешната акција а претреси и истрага на лица од организирана група која се бавела со детска порнографија меѓу уапсените лица е Борче Костески од Струга, кој е претседател на организацијата „Бугарите во Струмичката петорка“ и е поврзуван со бугарски организации во земјата. Тој е познат и како водител на подкастот „Б2 – Почетна пресметка“, како и по својата јавна дејност насочена кон заштита на правата на Бугарите во Северна Македонија.
Ко-водител на подкастот е Зоран Мрсески – Бугарин од Северна Македонија, кој неодамна објави намера да се кандидира за пратеник од листите на „Възраждане“. По проверка од Централната изборна комисија, неговата кандидатура беше одбиена поради несоодветности со изборното законодавство во Бугарија.