551
По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај, Министерството за култура најави бесплатен влез во сите музеи низ земјава.
-Утре ве покануваме да тргнете на волшебно патување низ македонското богато културно наследство и за момент да ги доживеете приказните од нашето минато, објави на Фејсбук министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Според министерката, Меѓународниот ден на музеите нѐ потсетува на непроценливата улога што ја играат музеите во зачувувањето на нашиот културен идентитет и во негувањето чувство на единство.