Усвоени Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство

by Fokus

Собранието попладнево во рамки на 91.седница ги донесе Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство, како и измените и дополнувањата на законите за даночна постапка и за регистрирање на готовински плаќања.

Пратениците од власта и од опозицијата беа едногласни дека законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство заслужува внимание, бидејќи таргетира група жртви на семејно насилство, оди во насока на нивни поголеми права и поедноставување на процедурата за нивно обесштетување.

За измените и дополнувања на неколку закони меѓу кои за придонеси од задолжително социјално осигурување, за игрите на среќа и за забавните игри, за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата, за претворување на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитор во траен влог во ЈП Колекторски систем…на седницата не се отвори расправа, бидејќи тие не биле разгледани во матичните комисии.

За Финансискиот план на агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2023 година и за предлог одлуката за согласност на одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2023 година, пратениците дополнително ќе гласаат.

Поврзани новости