Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа, за време на состанокот во Париз, со 31 глас „за“, четири „против“ и еден воздржан го усвои мислењето на Дора Бакојани, со кое се препорачува членство на Косово во Советот на Европа, јави РТС.
На профилот на Парламентарното собрание на СЕ на социјалната мрежа Х се наведува дека на 18 април ќе се одржи пленарна расправа, по што целото собрание ќе гласа за статутарно мислење.
За одлуката гласаа 31 претставник на земјата, а против одлуката беа претставничките на Црна Гора и БиХ, Маја Вукиќевиќ и Снежана Новаковиќ, како и две претставнички на Србија, Билјана Пантиќ Пиља и Дуња Симоновиќ Братиќ.
Претставникот на Грција во тој политички комитет беше воздржан.
На гласањето по ова прашање му претходеше извештајот на известувачката на ПССЕ за Косово Дора Бакојани, која побара од Приштина да исполни три услови, меѓу кои и враќање на имотот на манастирот Високи Дечани.