469
Владините министри на денешната седница го усвоиле текстот на Заедничката декларација за намера на македонската Влада и Сојузното министерство за сообраќај и дигитална инфраструктура на Сојузна Република Германија за процедури за замена на возачките дозволи, соопшти владината прес служба.
Ова е последна фаза пред потпишување на Декларацијата од страна на двајцата министри, со што таа и официјално би стапила на сила.
Возачките дозволи ќе им бидат признаени на полнолетни лица со важечка возачка дозвола, издадена од надлежните органи во Македонија и во Германија и кои имаат законски престој на македонска територија (најмалку 180 дена во една календарска година) или на територијата на Германија (најмалку 185 дена во годината).