854
Собранието вчера го усвои Законот со кој се овозможува продажба на становите кои потекнуваат од станбениот фонд на поранешна ЈНА.
– После долги години, корисниците на овие станови ќе можат да ги откупат становите во кои живеат одамна, а во буџетот ќе се влеат дополнителни средства од продажбата. Ставивме крај на повеќедецениска неизвесност и правна несигурност. Покажавме грижа кон наши сегашни и поранешни вработени и воени пензионери. Дадовме пример за одговорност кон државниот буџет и државниот имот, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.