Усвоен извештајот за Охридскиот регион што ќе биде испратен до УНЕСКО

by fokus

Владата на денешната седница го разгледа и усвои Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство.

Како што информира владината Прес-служба, Владата ја задолжи Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија да го достави Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство до Центарот за светско наследство на УНЕСКО, најдоцна до 25 февруари 2021 година.

Поврзани новости